Утрински Весник
Свет

Воз излета од шините во Пакистан – најмалку 30 луѓе загинаа, повеќе од 100 повредени

Воз излета од шините во Пакистан – најмалку 30 луѓе загинаа, повеќе од 100 повредени

Бројот на загинатите во денешната железничка несреќа во јужниот дел на Пакистан се искачи на 30, додека 100 лица се повредени, соопштија властите. Десет вагони од воз што патувал за Равалпинди излетале од шините, а некои се превртеле во близина на пакистанскиот град Навабшах. Многу патници се заробени во превртените вагони, изјави железничкиот службеник Махмудур Реман Лако, а пренесе АП.

dobivaj vesti na viber

Високиот полициски службеник Абид Балох изјави дека досега се пронајдени 30 тела, а од оние повеќе од 100 лица кои се повредени некои се во критична состојба. Тој додаде дека бројот на жртвите сепак може да се зголеми.

Балох истакна дека меѓу загинатите и повредените има деца и жени.

Повредените се префрлени во блиските болници додека спасувачките екипи се обидуваат да ги ослободат заглавените во смачканите вагони, јави Би-Би-Си.

На помош беа повикани и армиски спасувачки екипи.

Вонредна состојба е воведена во главните болници во Навабшах и соседните области на Синд поради приемот на голем број повредени.

Министерот за железнички транспорт Каџа Саад Рафик изјави дека причина за несреќата може да биде механички дефект или евентуална саботажа.

Тој додаде дека истрагата е во тек.

Несреќите на пругите се чести во Пакистан поради застарениот железнички систем.

Една од најсериозните несреќи во последно време се случи во 2021 година, кога најмалку 40 лица загинаа во судир на два воза во провинцијата Синд. Од 2013 до 2019 година, 150 луѓе ги загубија животите во железнички несреќи во Пакистан.

Можете да прочитате

Македонец и двајца Срби убиени во Боливија: Телата биле спакувани во црни ќеси

Воз излета од шините во забавен парк во Британија, повредени 13 деца (ВИДЕО)

Први фотографии од телата завиткани во црни кеси по убиството во Боливија – 4 лица се уапсени