Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ веќе извесно време планира да го напушти Тотенхем по само една сезона помината во Англија.
Според последните написи на медиумите на Апенините, Перишиќ е блиску до враќање во италијанската Серија А каде се прослави играјќи за Интер.
За брзоногиот Хрват се заинтересирани неколку италијански клубови, а тој би сакал да му се приклучи на актуелниот шампион Наполи, кој бара засилување на левата страна од тимот.
Перишиќ во Тотенхем го донесе неговиот тренер од Интер, Антонио Конте, но Италијанецот доби отказ на почетокот на годината, а со тоа уште повеќе се зголеми желбата на фудбалерот да си замине.
Многумина се надеваа дека Перишиќ ќе го исполни ветувањето да се врати во Хајдук Сплит, но засега, се чини, таа опција ќе остане неисполнета.