Утрински Весник
Спорт

Дијана Таураси како Мајкл Џордан

Дијана Таураси како Мајкл Џордан

Легендарната Дијана Таураси, членка на Феникс Меркјури, стана првата кошаркарка во историјата на ВНБА која постигнала 10.000 поени во регуларниот дел од сезоната.

dobivaj vesti na viber

На Таураси, трикратна шампионка во ВНБА и петкратна освојувачка на златни олимписки медали од САД, и беа потребни 18 поени за да го достигне тој рекорд.

Рекордот го урна во победата на својот тим против Атланта Дрим (91:71). Таа постигна 42 поени.

Кошаркарката на Феникс, стана најдобар стрелец на ВНБА на сите времиња во 2017 година.

Според ЕСПН, Таураси (41) е највозрасната кошаркарка во ВНБА која завршила натпревар со најмалку 40 поени.

Во НБА, единствениот играч со повеќе од 40 поени на натпревар кој имаше над 40 години беше легендарниот Мајкл Џордан, кој играше за Вашингтон Визардс во 2003 година.

Покојниот Коби Брајант во една пригода ја нарече Тауриси „Бела мамба“. Прекарот на легендарниот играч на ЛА Лејкерс беше „Црна мамаба“.

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига