Алексис Санчез (34) би можел да се врати во Барселона. Како што објави чилеанскиот новинар Хозе Томас Фернандез Пумарино, челниците на Барселона ќе се сретнат со Санчез, кој е слободен играч откако му истече договорот со Олимпик Марсеј и ќе се обидат да го убедат да се врати на „Ноу Камп“.
Алексис Санчес треба да биде поевтина замена за Усман Дембеле кој заминува во ПСЖ.
Дембеле е играч кој се пресели во Барселона за рекордна сума од 140 милиони евра, но по се што се случуваше со неговата кариера на „Ноу Камп“ тој се покажа како голем неуспех.
Сепак, Чави Ернандез изјави дека е разочаран што францускиот крилен напаѓач го напуштил клубот. Алексис Санчез играше за Барселона од 2011 до 2014 година.
Лилеанецот за Каталонците одигра 141 натпревар, постигна 46 гола и забележа 37 асистенции. Последната сезона ја мина во Марсеј, за кој одигра одлично и постигна 18 гола.
Во кариерата играше и за Манчестер Јунајтед, Арсенал, Удинезе, Интер, Ривер Плата, Коло Коло и Депортес Кобрелоа.