Утрински Весник
Свет

Пожар во болница во западна Германија, има повредени

Пожар во болница во западна Германија, има повредени

Во пожарот во болница во западна Германија, што се случи вчера доцна вечерта, повредени се 28 лица, од кои пет потешко, соопшти локалната полиција, а пренесува агенцијата Дпа.

dobivaj vesti na viber

Пожарот избувнал во соба за пациенти во болница во Хемер, град на околу 30 километри југоисточно од Дортмунд.

„Персоналот брзо почна да ги евакуира другите пациенти од болницата“, изјави портпаролката на полицијата.

Од чадот имало и повтрдени лица од нив пет потешко, но според првичните сознанија тие немаат изгореници. Четири посериозно повредени лица се префрлени на лекување во други болници, додека едно повредено лице е згрижено на одделението за интензивна нега, изјави портпаролот на пожарникарите.

Меѓу повредените има пациенти и вработени. Делот од зградата каде што избувна пожарот повеќе не е употреблив, изјави портпаролката на полицијата. Истрагата за причините за пожарот ја презеле локалните полициски детективи.

Можете да прочитате

Австралија ќе ја признае палестинската држава, објави австралискиот премиер Албанезе

Над 200 потреси по силниот земјотрес во Турција

Еден загинат и 29 повредени во земјотресот во Турција: Срушени се 16 згради, се пребаруваат урнатините