Утрински Весник
Спорт

Кавани потпиша за Бока Јуниорс

Кавани потпиша за Бока Јуниорс

Единсон Кавани е нов фудбалер на Бока Јуниорс. Аргентинскиот гигант на своите социјални мрежи го објави потписот на 36-годишниот напаѓач, кој претходно го раскина договорот со Валенсија. Уругвајскиот репрезентативец ќе потпише со Бока до декември 2024 година. Тој ќе го носи дресот со број „10“ во новиот клуб.

dobivaj vesti na viber

Во последната сезона, Кавани одигра 25 натпревари во Ла Лига, на кои постигна пет гола и забележа две асистенции.

Уругваецот се враќа во Јужна Америка по 16 години минати во Европа, каде играше за Палермо, Наполи, Пари Сен Жермен и за Манчестер Јунајтед, пред минатото лето да се пресели на „Месталја“.

Кавани имаше договор со Валенсија уште една сезона, но на негово инсистирање договорот беше раскинат за тој да се приклучи на Бока Јуниорс како слободен играч.

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара