Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Петков и Миловановиќ го засилија МЗТ Скопје

Петков и Миловановиќ го засилија МЗТ Скопје
300x250 opst2

Младинските репрезентативци на Македонија Марко Миловановиќ (21) и Марин Петков (20) се новите кошаркари на МЗТ Скопје, објави македонскиот шампион.

dobivaj vesti na viber

Како што истакнаа од раководството на МЗТ, Миловановиќ (196 см) и Петков (193 см) се „супер талентирани кошаркари и иднината на македонската кошарка“, а од нив се „очекува да внесат ентузијазам и динамика во играта на тимот од скопската општина Аеродром“.

„И двајцата се во долгорочните планови на нашиот стручен штаб, но не само како перспективи, туку и како кошаркари кои веднаш ќе дадат значаен придонес на патот кон одбраната на двојната круна во националниот шампионат и враќањето во Јадранската елита“, се вели во соопштението.

Миловановиќ, успешно ги мина сите младински селекции на Македонија и веќе има покана за настап во најдобриот тим на „жолто-црвените“, што доволно говори за неговиот квалитет.

Тој во МЗТ Скопје дојде од Италија, каде претходните четири сезони настапуваше за тимот на Јуви од Кремона.

Петков доаѓа од таборот на скопски Феникс, каде што, како што се вели, во претходните две сезони имаше голема минутажа во првата лига, која максимално ја искористи, а претходно, една сезона, беше дел од Вардар.

Настапуваше и за сите млади селекции на Македонија, а летово е на проширокиот список на сениорската репрезентација за претквалификациите за Летните олимписки игри 2024 во Париз.

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром од следната сезона повторно ќе игра во АБА 2 лигата.

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица