Утрински Весник
Македонија

Се плашат за нивната безбедност: вработените во енергоцентарот во Куманово ги напуштаат работните места

Се плашат за нивната безбедност: вработените во енергоцентарот во Куманово ги напуштаат работните места

Од безбедносни причини, вработените на корисничкиот енергоцентар во Куманово ги напуштија работните места.

dobivaj vesti na viber

Од таму велат дека поради безбедносни причини и непостоење на услови за работа, тие ги напуштаат работните простории.

Ова, откако стасаа информации дека група на револтирани граѓани насилно влегла во просториите на ЕВН.

Се до создавање на нормални услови за работа, корисничкиот енергоцентар на ЕВН во Куманово нема да работи, велат од таму.

Претходно пак селата Оризари и Слупчане во кумановско останаа без електрично напојување по дефектот предизвикан од мештаните по упад во мрежата.

 

Министерот за економија пак повика  сите граѓани во државата редовно да си ги намируваат обврските што ги имаат кон енергетските компании.

Можете да прочитате

Генералниот секретар на СДСМ: Тошковски уште не поднесе оставка?

Левица: Министерството за одбрана лаже, најдобрите кандидати се подло одбиени

Пожар кај Долно Дупени, спасени се неколку куќи