Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски останува анти ЕУ политичар, кој работи за туѓи интереси

СДСМ: Трипуновски со фалсификати ја манипулира јавноста

Во време кога пред државата е отворена историска шанса за продолжување на европскиот пат, Мицкоски прави сé да ја оддалечи земјата од ЕУ, се вели во соопштението од СДСМ.

dobivaj vesti na viber

-Мицкоски останува деструктивен политичар, кој го блокира остварувањето на уште една стратешка цел на државата, членство во ЕУ. Со тоа Мицкоски работи и против македонскиот јазик во ЕУ, против интересите на граѓаните за подобар животен стандард, повисок економски раст, повисоки плати и пристап до европските фондови, велат од владејачката партија.

Според СДСМ, Мицкоски, поразително и за неговата партија, одработува за туѓи интереси и против ЕУ. Секој што сака да ја држи земјава надвор од ЕУ, изолирана, работи директно на штета на врвните национални и државни интереси. Македонија, по 17 години чекање ги започна преговорите со ЕУ и сега потребно е забрзување на процесот со крајна цел полноправно членство во ЕУ до 2030 година, велат од СДСМ.

Можете да прочитате

Скриени во кујнски ѕид 350.000 евра создадоа нова правна драма – парите биле на родителите!

Тошковски: Во Македонија повеќе не може да се дозволи да продолжат да функционираат носители на јавни функции како судијата Ристов

Кривичен суд изрече куќен притвор за Ѓоко Ристов