Утрински Весник
Спорт

Чуквуезе пред трансфер во Милан

Чуквуезе пред трансфер во Милан

Крилниот напаѓач на Вилјареал и нигериски репрезентативец Самуел Чуквуезе е сѐ поблиску до трансфер во Милан. Шпанскиот клуб и „росонерите“ одржаа позитивни разговори во средата, информираат италијанските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Вилјареал го проценува својот играч на околу 35 милиони евра, но најавите се дека ќе биде постигнат договор за 28 милиони евра.

Милан има начелен договор со Чуквуезе, за кој се вели дека веќе ги договорил сите свои лични услови и сака што е можно побрзо да пристигне во Милано.

„Росонерите“ размислуваа за трансфер и на Арно Данџума, исто така од Вилјареал, но Холанѓанецот има понуда и од Евертон.

Можете да прочитате

Џорлев освои злато на Светското карате првество за кадети, јуниори во Полска

Тебас: Не знам колку пати досега Реал побарал моја оставка

Познати двојките за осминафиналето во фудбалскиот Куп на Македонија