Утрински Весник
Економија

Владата: Просечната нето плата во државата рекордни 36.465 денари

Владата: Просечната нето плата во државата рекордни 36.465 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај 2023 година, изнесува 36 465 денари и таа е повисока за 16,1 отсто во однос на истиот месец минатата година. Зголемувањето е за 5 058 денари, велат од Владата.

dobivaj vesti na viber

Согласно Државниот завод за статистика, ваквото зголемување, како што појаснуваат, се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (25.5 %), Стручни, научни и технички дејности (21.4 %) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.8 %).

„Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Други услужни дејности (5.3 %), Стручни, научни и технички дејности (5.0 %) и Транспорт и складирање (4.3 %).

Владините мерки даваат позитивни резултати и просечната нето плата во земјава континуирано расте и во услови на најголемата светска економско-енергетска криза. Наша цел е подобар стандард на граѓаните и подобро платени работни места. Платите на граѓаните и во иднина ќе растат, бидејќи сите владини политики се насочени кон подобрување на животниот стандард“, се истакнува во владиното соопштение.

Можете да прочитате

Владата ја породлжи мерката за намалени акцизи за горивата

СДСМ: Мицкоски ги излажа граѓаните и за економијата – народот живее полошо и нема пари

АХВ утврди манипулации со млечни производи