Утрински Весник
Свет

Курти тврди: Ги исполнивме условите за членство во Советот на Европа, приемот започна

Курти тврди: Ги исполнивме условите за членство во Советот на Европа, приемот започна

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека ги исполниле условите за членство во Советот на Европа и дека суштинската фаза од процесот на прием е веќе започната.

dobivaj vesti na viber

„Денеска заедно го отвораме првиот состанок на координативната група за членство на Косово во Советот на Европа. Косово, изградено на вредностите на Советот на Европа, природно има свое место во оваа организација“, изјави Курти.

„Косово ги исполни и законските барања и стандардите… Сега кога процесот помина во парламентот, слободно можеме да кажеме дека започнува суштинската фаза на процесот“, рече Курти на состанокот на меѓуинституционалната работна група.

Министерката за надворешни работи Доника Грвала изјави дека Приштина требало да влезе во Советот уште пред многу години.

„Сега, кога помина првата фаза, сè ќе зависи од добрата координација на оваа група… Темпото на членство во Советот на Европа ќе зависи и од вашата координација… Косово требаше да влезе во Советот на Европа пред многу години“, нагласи Гервала, а пренесуваат медиумите во Приштина.

Можете да прочитате

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

Над 100 луѓе евакуирани од швајцарските Алпи поради опасност од одрони

Зеленски се сретна во Венс и Рубио во Рим