Утрински Весник
Спорт

РК Алкалоид доби силни ривали во групната фаза од Европската лига

РК Алкалоид доби силни ривали во групната фаза од Европската лига

Ракометниот вицепрвак Алкалоид доби тешка група во Европската лига оваа сезона, а ниту Вардар нема да мине подобро ако успее да го мине Рајн Некар во квалификациската рунда.

dobivaj vesti na viber

Алкалоид ќе игра во групата Ф, заедно со данскиот тим Бјерингбро Силкеборг, шпанската Ла Риоха и со српскиот претставник Војводина.

Вардар, доколку успее да го елиминира Рајн Некар, ќе оди во групата А. Таму се Нант, Кристијанштад и Бенфика, новиот клуб на Филип Талески.

Квалификациското коло се игра на 25/26 август и на 1/2 септември, додека фазата по групи ќе почне на 17 октомври.

ГРУПА А: Нант, Кристијанштад, Бенфика, Вардар/Рајн-Некар

ГРУПА Б: Горник Забже, АЕК, Кринс Луцерн, Иштад/Хановер

ГРУПА Ц: Куенка, Горење, Савехов, Агуаш Санташ/Винтертур

ГРУПА Д: Нексе, Повашка Бистрица, Скјерн, Тримо Требње/Брага

ГРУПА Е: Кадетен Шафхаузен, Елверум, Фленсбург,

ГРУПА Ф: Бјерингбро Силкеборг, Алкалоид, Ла Риоха, Војводина

ГРУПА Г: Фуксе Берлин, Динамо Букурешт, Шамбери, Извиѓач

ГРУПА Х: Спортинг, Татабања, Хробри Глогов, Констанца/Грањољерс

Можете да прочитате

Белингем прогласен за најдобар играч минатата сезона во Примера од страна на Здружението на фудбалери на Шпанија

Дебакл на Јокиќ и Нагетс среде Денвер

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија