Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Доказите за корупција ги најдовме тука, не во Вашингтон, не можеме ние да апсиме, им порача Агелер на институциите

(Видео) Доказите за корупција ги најдовме тука, не во Вашингтон, не можеме ние да апсиме, им порача Агелер на институциите
Img 7972

Не се знае кој ќе биде следен на т.н. црна листа на САД, посочи американската амбасадорка во земјата, Анџела Агелер.

dobivaj vesti na viber

Таа истакна дека ова е процес што трае и дека ниту таа не знае кој ќе биде следен санкциониран. Коментирајќи го тоа што Рамиз Мерко остана градоначалник на Струга дури и по ставањето на т.н. црна листа, Агелер рече: „Ние не можеме да дојдеме во Северна Македонија и да уапсиме некого или да поведеме кривична постапка, но ќе биде интересно да видиме кои правни постапки ќе се иницираат.

„Најважното нешто е што сите овие одлуки било од Стејт департментот, Министерството за економија или друга институција се сто порценти неполитички и не е ништо лично. Ова е според правото на САД. Ние сме предводени од правото, ако институциите најдат докази за каква било злоупотреба, мора да реагираат и за индивидуите да преземат соодветни мерки“, посочи Агелер.

За тоа како може Мерко да има 30 кривични постапки и кој е нејзиниот став за одговорноста на институциите што тој нема ниту една пресуда, Агелер рече: „Како амбасадор на САД во Северна Македонија не е моја должност да коментирам што треба да прават институциите, но, како што изјавив претходно, ние најдовме докази за овие личности тука во Северна Македонија, а не во Вашингтон. Сите информации се достапни, ние соработувавме со институциите тука во оваа држава. Одлуката дали ќе поведат постапки или ќе ги уапсат овие личности останува на институциите во државата. Институциите треба да ги слушнат граѓаните бидејќи јас гледам дека граѓаните се повредени од корупцијата. Тоа е должност на народот и новинарите да реагираат на институциите за нивните активности“.

Сериозни ќе бидат импликациите од постапувањето на САД. Според амбасадорката, ова има многу сериозни финансиски импликации за индивидуите. Се прави внимателно и пополека.

„Овој закон ги опфаќа и оние што работат со нив и имаат поврзаност со нивните активности, со средствата што им се блокирани. Голем дел од трансакциите на интернационалните банки оди преку САД, преку големите банки во САД. Импликациите се многу сериозни. Какво влијание ќе има тука – не знам“, рече Агелер.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Состанокот на лидерите на земјите учеснички од Процесот „Брдо-Бриони”

Уапсен прилепчанец, палел кабли во близина на депонијата во Струга

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии