Утрински Весник
Македонија

Кривична пријава против скопјанец поради фалсификување возачка дозвола

Без положен возачки испит на скопјанец му дозволиле да се фотографира за дозвола – кривична за вработен во МВР

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 24-годишниот Д.П. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик, извести МВР.

dobivaj vesti na viber

– Пријавениот набавил фалсификувана македонска возачка дозвола за управување на моторни возила од категорија „Б“ и ја користел за возење на мигранти на територијата на Република Хрватска и Република Словенија, соошти МВР.

Фалсификуваната дозвола била пронајдена кај пријавениот при претрес за друго кривично дело во државата, за што подоцна во истражна постапка од полициски службеници од Единицата за економски и компјутерски криминал било утврдено дека е фалсификат.

Можете да прочитате

ГРОМ: Стевче Јакимовски доброволно замина на отслужување на затворската казна од шест и пол месеци

Николовски: Додека регионот оди напред,  добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место 

Мисајловски на затворањето на Командата на SEEBRIG во Куманово: Земјава докажа дека е кредибилен, сигурен и активен партнер кој придонесува кон регионалниот мир