Британскиот актер и продуцент Ноел Кларк бара отштета од 10 милиони фунти од весникот „Гардијан“ поради написите за негово наводно однесување кон неколку жени, според судските документи до кои дојде „Би-би-си“.
Во осумте написи, 20 жени кои работеле со Кларк во период од 15 години изнесуваат наводи за недолично однесување.
Продуцентот, кој ги негира обвинувањата, вели дека овие статии имале катастрофален ефект врз неговата кариера.
Доколку го добие случајот, судијата ќе одлучи за евентуален надомест на штета.
Според документите поднесени во Високиот суд во Лондон во рамки на тужбата за клевета против „Гардијан“, како и барањето за општа отштета што покрива повреда на угледот, Кларк бара посебен надомест кој покрива конкретни финансиски загуби.