Утрински Весник
Свет

Путин испраќа полициски специјалци во Украина

Путин испраќа полициски специјалци во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин ја префрли специјалната единица Гром на Министерството за внатрешни работи под надлежност на руската национална гарда – Росгвардија.

dobivaj vesti na viber

Овој потег треба да овозможи специјалните сили од единицата Гром да бидат префрлени на првите борбени линии во Украина, изјави Александар Хинштајн, пратеник во рускиот парламент од партијата на Путин.

Рускиот претседател одлучи да го повлече потегот само неколку недели по средбата со раководството и персоналот на Министерството за одбрана, Руската национална гарда, ФСБ и Министерството за внатрешни работи и по обидот за државен удар на платеничката група Вагнер.

Можете да прочитате

Медиуми: Директорот на ЦИА ја предупредил Русија да не напаѓа сојузници од НАТО

Едно лице загина, 10 се повредени откако автомобил удри во група луѓе во францускиот град Кан

Во сабота, Исланд ќе гласа за повторно отворање на преговорите за членство во ЕУ