Утрински Весник
Економија

Измените во законите за ДДВ не му помагаат на бизнисот, туку го оптеретуваат, тврди Мицкоски

Измените во законите за ДДВ не му помагаат на бизнисот, туку го оптеретуваат, тврди Мицкоски

Законот за ДДВ, Законот за персоналниот данок и Законот за солидарност nема да му помогнат на бизнисот, туку дополнително ќе го оптоварат, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

dobivaj vesti na viber

„Се оптеретуваат оние кои се успешни и оние кои создавале профит во услови на криза. На овој начин не се намалува сивата економија, односно не се казнуваат оние кои не ги почитуваат своите обврски кон државата, не ги плаќаат своите даноци кон државата, туку ги сокриваат и се дел од онаа неформална сива економија, туку се казнуваат оние коишто своето работење редовно си го пријавуваат, се успешни и во услови на криза успеале да создадат профит и тој профит денеска го оданочуваме под името Закон за данок за солидарност.

Според Мицкоски се работи за се само не за солидарност и дека не е точно тоа дека со оданочувањето од страна на владата на овие кои заработиле, парите ќе завршеле кај оние кои им недостасуваат.

„Тоа е лага. Овие пари ќе завршат кон проекти кои се сомнителни и во тендери во 4 очи, во приватни џебови, односно во дупка која оваа криминална и неспособна влада ја создава во буџетот“ порача Мицкоски.

Можете да прочитате

НБРМ ги ослеснува условите за купување на прв стан, а ги засилува за купување втор и трет

Поевтинуваат цените на горивата – 24info.mk

НБРМ има целосна одговорност да ги испита сите ризици за влез на Алта Банка во Македонија