Утрински Весник
Свет

По судир на автомобил и автобус во Алжир избувна пожар, изгореа 34 лица

По судир на автомобил и автобус во Алжир избувна пожар, изгореа 34 лица
Dik 300x250 mk

Најмалку 34 лица загинаа, а 12 се повредени во судир на автобус и автомобил во Алжир, соопшти алжирската противпожарна служба.

dobivaj vesti na viber

Несреќата се случила околу 4 часот наутро по локално време во градот Таманрасет, на околу 1.500 километри јужно од главниот град на Алжир, соопшти противпожарната служба.

По судирот избувнал пожар при што изгореле 34 лица, се наведува во соопштението.

Сообраќајните несреќи со фатални последици се чести во Алжир. Минатата година, според официјални извори, во сообраќајни несреќи загинале 907 лица.

Можете да прочитате

Украински дронови погодија руски нафтен терминал

Белата куќа објави детали од трговскиот договор меѓу САД и Кина

Нигерија ја прифати американската помош против бунтовниците