Утрински Весник
Култура

Започна 17 издание на „Локум фест-музика и традиција“

Започна 17 издание на „Локум фест-музика и традиција“

Синоќа на платото пред велелепниот Офицерски дом – КИЦ Битола, во рамките на Бит фест 2023 започна 17-то издание на Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест-музика и традиција“.

dobivaj vesti na viber

Честа да го отвори овогодинешното издание на фестивалот им припадна на реномираната македонска етно група „Баклава“, која го промовираше својот нов музички албум „Од Скопје со љубов“… Токму „Баклава„ беше доволна провокација за бројната публика да ги заземе седиштата уште пред концертот да почне.

Вториот концерт во првата фестивалска вечер ги донесе виртуозниот ансамбл од Грција @Loxandra Ensemble – Λωξάντρα. Токму концертот на оваа група ја вивна атмосверата до еуфорија, танц и овации. Атмосферата беше збогатена со бројни презентации на ракотворби, кафе и локуми, рачно изработен накит и слично.

Локум фест е фестивал кој негува македонска и балканска музичка и духовна култура која ги зближува луѓето. За прв пат годинава Локум фест има и ОФФ програма, која само ја продолжува можноста да се уживаа во овие исклучителни моменти. Плоштадот Магнолија и Вино бар „Буре“ ечеа од песни и ора на македонци, грци, туристи , минувачи…Песната не познава граници…

Вечерта македонската чалгија го озари лицата на присутните, а појавата на виртуозот на кларинет почитуваниот Вевки Амедов ја подигна атмосферата до еуфорија. Тоа беше доволна „провокација“ за членовите на Loxandra ensemble да се приклучат со интерпретирање на традиционална музика.

Фестивалот продолжува вечерва со настап на „Елиас ладино ансамбл“, кој ќе не навратат на препозналивите ладино песни на стара Битола. Како посебен куриозитет на вечерта е изложбата на авентични фотографии од Државнот архив-одделение Битола насловена како „La Mahalle – Битот на нашата ладино заедница од авторите; Димитар Ѓорѓиевски и м-р Ивана Хаџиевска.

Вториот концерт за вечерва му припаѓа на големото музичко име со македонски корени, словенечкиот музичар Васко Атанасовски, кој ќе настапи со промоција на албумот „Мелем“, а специјален гостин на концертот е македонската пејачка Добрила Грашеска. Дружењето продолжува во Хотел Театар, со вечер посветена на ладино музиката.

Фестивалот завршува на 20.07 во четврток со традиционална вечер во старата битолска чаршија, на пешачката улица покрај реката Драгор, со промоција на ромската култура и настапот на групата „Јужни ѕвезди“ и Вевки Амедов со поддршка на Преда плус фондацијата, а насловно име на последната фестивалска вечер се турско-данскот бенд Ypek yolu (Патот на свилата).

Можете да прочитате

Се заострува режимот за градби во старото градско јадро на Охрид 

Костадиновска-Стојчевска: Со отворена соработка со УНЕСКО и заеднички активности ќе го штитиме природното и културното наследство во Охрид

19 романи избрани во првата селекција за наградата „Роман на годината“