Утрински Весник
Економија

Зголемените трошоци не значат и зголемување на цената на парното, велат од ЕСМ

Зголемените трошоци не значат и зголемување на цената на парното, велат од ЕСМ

Зголемувањето на трошоците на дејноста производство, дистрибуција и снабдување не мора да значи зголемување на крајната цена на парното, велат од ЕСМ.

dobivaj vesti na viber

Од таму додаваат дека компаниите што ја вршат оваа дејноста поднеле барање за признавање на трошоците од работењето на друштвата до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, а врз основа на овие податоци и одобрените трошоци за вршење на дејноста, Регулаторната комисија ги утврдува тарифните ставови според кои се фактурира испорачаната топлинска енергија кон крајните потрошувачи во следниот период.

„АД ЕСМ по задолжение од Владата ја презеде и топлинската енергија за градот Скопје и изминатата грејна сезона немаше прекин во снабдувањето со топлинската енергија и на задоволство на огромен број граѓани на 15 октомври радијаторите беа топли. И следната грејна сезона АД ЕСМ нема да дозволи да има прекини во снабдувањето со топлинската енергија. Веќе се почнати активностите за отстранување на опожарениот топловод на мостот ‘Беласица’. ‘ЕСМ дистрибуција на топлина’ ќе вложи максимални напори демонтажата да се заврши во најкраток можен рок“, велат од ЕСМ.

Можете да прочитате

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ одби амандман за набавка на еколошки автобуси

Стојаноски: Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ постигна историски договор со најниска каматна стапка за стопанството

Денови на финансиска писменост – 24info.mk