Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Освен скандали во земјоделието не сме виделе ништо друго од власта и ресорниот министер

Мицкоски: Освен скандали во земјоделието не сме виделе ништо друго од власта и ресорниот министер

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ при денешната негова посета во Прилеп запрашан како гледа на „пофалбите“ од владата дека го подржуваат земјоделието рече дека покрај скандалите во земјоделието нема ништо друго, ниту пак некој го видел министерот за земјоделие да излезе.

dobivaj vesti na viber

-Покрај скандалите во министерството за земјоделие јас навистина друго и не знам, нити пак некој го видел овој министерот за земјоделие, нити пак слушнал нешто од министерот за земјоделие некој, рече Мицкоски.

Мицкоски потсети дека на земјоделците за периодот 2019-2022 година им се должат отприлика 4 милијарди денари или 65 милиони евра.

-Последното што можев да го видам како податок е дека околу 4 милијарди денари, некаде околу 65 милиони евра им се должат на земјоделците по основ за останати субвенции, за периодот 2019-2022 година, значи некаде отприлика 4 милијарди денари или 65 милиони евра. Од друга страна ја видиовме цената откупна која што ја објавија мелничарите, таа треба да е некаде околу 8, 9 денари ако не се лажам, а производната цена е 19 денари, значи загубата од самиот старт е 11 денари и сега за што зборуваме?, запраша тој.

На крај Мицкоски порача дека доаѓа вистинска влада, влада на ВМРО-ДПМНЕ, земјоделска влада, која што ќе се грижи за земјоделците.

-Зборуваме само за луѓе кои што многу крадат. Доаѓа вистинска влада која што ќе се грижи за земјоделците, земјоделска влада онаа влада на ВМРО-ДПМНЕ која што навистина суштински ќе ги помага и навистина суштински ќе се грижи за земјоделците, додаде тој.

Можете да прочитате

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим