Утрински Весник
Економија

Ромео Костадинов нов потпретседател на Сојузот на стопанските комори

Ромео Костадинов нов потпретседател на Сојузот на стопанските комори

Сојузот на стопанските комори на Македонија го избра Ромео Костадинов за нов потпретседател на Сојузот на коморите.

dobivaj vesti na viber

Костадинов е претседател на Комората на сметководителите, финансиерите и даночните советници, која е регистрирана и е дел од Сојузот на стопанските комори. Со повеќе од 30 години работно искуство во овие области, како и менаџерското искуство во раководење на компанијата „Еуро консалт плус“, друштво за економско-правен консалтинг од областа на финансиите, сметководството и даночната проблематика, Костадинов своето искуство ќе го пренесе и во понатамошното успешно работење на Сојузот на стопанските комори на Македонија застапувајќи ги интересите на сите стопански субјекти членови на Комората.

Досегашните потпретседатели, м-р Горан Ѓорѓиевски, д-р Орце Симов, Сашо Дукоски, д-р Тања Дејановска и Михаил Кирков, остануваат на досегашните функции, а завршува мандатот на досегашната потпретседателка Габриела Кулебанова.

Сојузот на стопанските комори на Македонија е најголема независна деловна организација во Македонија со 35 стопански комори, кои членуваат во Сојузот, и над 30 групации, здруженија и асоцијации.

Можете да прочитате

Економско-финансискиот совет на Левица: Владата го зголемува товарот на задолжувањето, а ги намалува инвестициите во развојот

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

Треновски: Најголемиот трошок за една фирма е конкурентот што не плаќа данок – до една третина од економијата е во сивата зона