Снимката, на која полицајци се фотографираат со поранешниот американски претседател Доналд Трамп, предизвика хаос на социјалните мрежи.
Ден Скавино, висок советник во кампањата на Трамп за 2024 година и поранешен заменик-шеф на кабинетот на Белата куќа, во неделата објави видео на „Твитер“, на кое се гледаат полицајци од повеќе агенции за спроведување на законот наредени на асфалтот на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес чекајќи го поранешниот претседател.
Се гледаат како ракоплескаат додека Трамп излегува од возилото и ги поздравува. Трамп потоа се фотографира со полицајци пред неговиот приватен авион.
HAPPENING NOW at Los Angeles International Airport. #LAX pic.twitter.com/2uAhgVVBS0
— Dan Scavino Jr.🇺🇸🦅 (@DanScavino) July 9, 2023
На видеото се гледаат неколку полицајци како се ракуваат, а потоа прават селфи со поранешниот американски претседател.
„Полицајците од Лос Анџелес, кои се фотографираа со Трамп, не треба да добиваат ни пара од нашите даночни обврзници“, напиша Кристофер Веб во твитот, што е прегледан повеќе од 90.000 пати.
— Christopher Webb (@cwebbonline) July 10, 2023
Крис Д. Џексон, изборниот комесар во Тенеси, на „Твитер“ напиша: „Навистина сум збунет како владините агенции продолжуваат да дозволуваат ваков тип политички ангажман на работа од страна на униформирани службеници. Тоа е губење пари на даночните обврзници“.
Еден корисник на „Твитер“ напиша дека видеото „треба да го налути секој даночен обврзник во Лос Анџелес“, а друг го нарече „срамно“.