Нејмар и бил понуден на Барселона, но клубот во кој Бразилецот мина четири години, одбил да го врати назад. Меѓу другото, Нејмар со Барселона освои две титули во Шпанија и Лигата на шампионите, одигра 186 натпревари со учинок од 105 гола и 76 асистенции, по што во рекорден трансфер се пресели во ПСЖ.
Нејмар, не е задоволен од се она што се случува во ПСЖ, особено од лошиот однос што го има со навивачите, поради што побарал од својот менаџер да преговара со Барса. Каталонците без размилување ја одбиле понудата.
Фудбалскиот портал „Goal.com“, пишува дека зад ваквата одлука на Барселона има две причини.
Првата се однесува на финансиите. Барселона е во тешка финансиска ситуација и тешко може да му ги понуди на Нејмар парите што ги добива во ПСЖ и кои може да ги добие на друго место. Бразилецот во ПСЖ има годишна плата од 40,8 милиони евра по сезона.
Друга причина се однесува на атмосферата во тимот. Клубот смета дека доаѓањето на таква ѕвезда може да ги наруши односите меѓу играчите и дека потоа може да влијае на перформансите на тимот во сезоната во која Барселона ја брани титулата во Шпанија.