Утрински Весник
Македонија

По удар со автомобил, тешко повреден тракторист од Свети Николе

Две лица се тешко повредени откако со трактор излетале од пат во Пробиштип

Утрово, во 4.30 часот, во Полициската станица Свети Николе било пријавено дека во 4.20 часот на регионалниот пат Свети Николе – Куманово се случила сообраќајна несреќа помеѓу трактор „фергусон“, со светиниколски регистарски ознаки, управуван од Ј. М. (75) од Свети Николе, и товарно возило „фолксваген“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С. Г. (29) од Штип.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот на тракторот, констатирани во Клиничката болница Штип.

Увид на местото извршила екипа на ОВР Свети Николе.

Можете да прочитате

Масовна тепачка во Батинци: Шест лица учествувале во физичка пресметка

Средба на вицепремиерот Николоски со министерот за трговија Болат и министерот за транспорт Уралоглу во Истанбул

Д-р Чибишев предупредува: Едно залче може да биде кобно – отровна салама фрлена во парк