Утрински Весник
Македонија

Тензично пред „Комунална хигиена”: Директорката очи во очи со работниците, тие и скандираат “Оставка”

Тензично пред „Комунална хигиена”: Директорката очи во очи со работниците, тие и скандираат “Оставка”

Тензично е и вечерва пред Јавното претпријатие Комунална хигиена каде вработените излегоа на протест.

dobivaj vesti na viber

Директорката Косана Мазнева се соочи со нив, но наиде на скандирања и негодување.

„Дали вие вечер ќе работите?”, ги праша Косана Мазнева, а тие скандираа „Оставка, оставка”.

„А да влезеш во камион да работиш?”, ги праша Мазнева, на што тие продолжија со скандирање „Оставка, оставка”.

Во претпријатието дојде и засилување на полицијата од специјалци.

Додека бараа оставка, директорката им рече: „Ваше право“, а еден од нив и’ врати: „Ние сме 200 души, ти си една“.

„Дали може да ги легитимирате лицата?“, побара Мазнева од началникот на МВР кој раководи со полицијата распоредена во претпријатието, бидејќи се сомнева дека барикада прават и лица кои не се вработени.

„Сите сме вработени ние тука, за парче леб сме“, рекоа лицата распоредени на капијата од претпријатието.

Работниците од 7 јули протестираат во знак на револт кон раководството поради отпуштените работници, а истовремено забаарт зголемување на платите, К-15 и бенефициран стаж.

Можете да прочитате

Изложбата „Будна вода“ и промоција на „Разбудена вода“ во НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ – Делчево

Утре е Лазарова сабота, најрадосниот детски празник: Еве кои се обичаите!

ДИГИТАЛНА ТРАНСФОРМАЦИЈА: Електронските изводи меѓу најбараните услуги, се менуваат законите за институциите да не бараат „хартија“