Утрински Весник
Македонија

Еколозите удрија по бизнисмените за Иловица: Никој не би вложил 25 отсто удел во задолжена фирма, ако нема врски во судовите

Еколозите удрија по бизнисмените за Иловица: Никој не би вложил 25 отсто удел во задолжена фирма, ако нема врски во судовите

Владата и Министерството за економија манипулираат со соопштението за да го заштитат криминалот, корупцијата и трговијата со влијание во поглед на зделките со партиските врхушки на СДСМ и ДУИ, велат еколозите од „Здрава котлина“.

dobivaj vesti na viber

Од здружението претходно изразија сомнеж дека премиерот Димитар Ковачевски дозволил спојување на концесиите, со посредство на ДУИ, откако Назиф Дестани вложил милиони евра за 25 проценти од акциите во „Еуромакс Рисурсис“.

„Никој нормален бизнисмен нема да вложи пари за 25 отсто удели во фирма што официјално е задолжена со 40 милиони долари и што има одземена концесија. Освен ако тој бизнисмен нема механизам да влијае врз судовите и со паушални правни толкувања да проба да ја сврти ситуацијата во своја полза. Како е можно во 11 од 12 пресуди на Виш управен суд и Управен суд да има право на жалба, а сега по влезот на Еколог во Еуромакс Ресурси да нема?!! Па истиот член 69 став 4 секогаш бил активен и валиден за сите 11 претходни пресуди!!! Исто така во последната пресуда е наведено дека барањето за судот да наложи спојување на концесиите е ОТФРЛЕНО! А знаете што напишаа лажговците од Владата вчера нели? На манипуланти не треба да им се верува, но сепак нека размислат што ќе кажат кога споија концесии на македонска земја која е дадена како колатерал во должничко доверителски односи на концесионер кон странска фирма нерезидент и во мистериозни правни услови“, велат од „Здрава котлина“.

Според нив, манипулација е и дека договорот за концесија од 2012 е неважечки, затоа што договорот за концесија од 2014 е со цел за усогласување но изрично ги признава сите рокови и обврски преземени од договорот од 2012 година. Ова е така и согласно законот за минерални суровини каде е пропишано токму тоа и нема простор за егзибиции.

Велат дека не отстапуваат ни педа и ќе се борат до крај.

„Рудник нема да има“, децидни се од здружението.

Во службен весник вчера беше објавена владината одлука за спојување на концесиите за експоатација на минерални суровини за руди на бакар и злато на локалитетот Иловица. Министерството за економија тврди дека нема да дозволи отворање рудник во Иловица без одобрение од локалното население.

Можете да прочитате

Невреме го парализира скопскиот аеродром – авиони кружат и не можат да слетаат

Утре ќе се распише огласот за избор на нов претседател на ДКСК

Невреме во Скопје, продолжува кон Велес, Штип, Крива Паланка…