Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Џеј Ло со сопругот и поќерката на забава по повод 4 јули

Џеј Ло со сопругот и поќерката на забава по повод 4 јули
300x250 opst2

Џенифер Лопез, Бен Афлек и неговата ќерка Вajолет беа меѓу гостите од А-листата на забавата во елитниот Хемптонс, која таблоидите ја опишаа како најжешка забава во градот.

dobivaj vesti na viber

Настанот го организира спортскиот магнат милијардер Мајкл Рубин по повод Денот на независноста 4 јули, најголемиот празник во САД.

Латино-дивата (53) совршено се совпаѓа со Бен (50) и Вајолет (17), облечена во етеричен бел макси фустан кој открива дел од нејзиниот затегнат стомак со отвор напред.

Некои од другите познати личности на годишниот настан беа Ким Кардашијан, Кендал Џенер, Џастин Бибер и сопругата Хејли Бибер, сопругот на Бијонсе Џеј Зи, поранешната НФЛ ѕвезда Том Брејди и моделот Емили Ратајковски.

Вајолет е најстарото од трите деца кои Афлек ги има со поранешната сопруга Џенифер Гарнер (51), од која се разведе во 2018 година. Поранешниот пар ја имаат и ќерката Серафина (13) и синот Семјуел (10).

Можете да прочитате

Едноставна вежба открива многу: ако можете да ја направите по 45-годишна возраст вие сте во одлична форма

Пет навики што покажуваат дали сте на вистинскиот пат како родител

Дали „бјути слип“ е само мит или навистина треба да си легнуваме на време