Утрински Весник
Магазин

Шварценегер за вештачката интелигенција: терминаторот стана реалност

Шварценегер за вештачката интелигенција: терминаторот стана реалност
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Според актерот, Арнолд Шварценегер, филмот на Џејмс Камерон, во кој главна улога имаше поранешниот гувернер на Калифорнија, ја предвиде иднината на вештачката интелигенција.

dobivaj vesti na viber

Говорејќи на настан во Лос Анџелес минатата недела, Шварценегер рече дека сегашниот страв од вештачката интелигенција може да се толкува преку заплетот на Терминаторот, пренесува „НМЕ“.

„Денес сите се плашат до каде ќе оди развојот на вештачката интелигенција. А Терминатор е за машини кои стануваат самосвесни и го освојуваат светот“, изјавил актерот.

Тој додал дека филмот, откако е создаден во 1984 година, само ја изгребал површината на вештачката интелигенција, но дека сценариото е генијално.

„Денес, по неколку децении, тоа стана реалност. Значи, Терминатор повеќе не е научна фантастика, туку футуристички“, истакнал тој.

Можете да прочитате

Италија го казни Apple со скоро 100 милиони евра

Домашните миленици го подобруваат менталното здравје на сопствениците

Поларните мечки генетски се прилагодуват на потоплата клима