Утрински Весник
Македонија

Стојаноски до Ковачевски: Зошто се плашите да побарате оставка од Мерко, а устите ви се полни со ЕУ

Стојаноски до Ковачевски: Зошто се плашите да побарате оставка од Мерко, а устите ви се полни со ЕУ

Јавноста е сведок на корупциски скандали продуцирани од ДУИ, а уште повеќе зачудува фактот што СДСМ молчи и не смеат ништо да изустат ако не им дозволи, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница за пратенички прашања. Тој укажа и на случајот со Рамиз Мерко, градоначалник на Струга.

dobivaj vesti na viber

„Пред десеттина дена имаше одлука на Стејт Департмент со која Мерко беше ставен на црна листа, и тогаш излегува никој не е тука да објасни, ниту да побара оставка од Мерко. Немате храброст да побарате оставка од струшкиот градоначалник, се препелкате дека немате надлежност и оти го избрале граѓаните“, рече Стојаноски и го праша премиерот Димитар Ковачевски зошто се плаши да побара оставка од Рамиз Мерко, лице осомничено за криминал, а устите им се полни како што рече со ЕУ.

Стојаноски постави и две прашања до министерот за правда, Кренар Лога.

„Вие сте од Струга и верувам дека сте запознаени со случувањата во државава, како и во Општина Струга. Оттука првото прашање е дали ова што се случува во Македонија особено во Струга се европските вредности за кои влеговте во Владата и зошто не побарате одговорност од оние што не преземале ништо за шесте кривични пријави за Мерко. И второ прашање, дали како министер а правда верувате дека може да има непристрасен однос имајќи во предвид дека во правосудството има партизација и дали ви е поважно да бидете дел од власта за доделување на тендери или ви е важно тоа за што влеговте во Владата, европскиот пат“, праша Стојаноски.

Објасни и како ВМРО-ДПМНЕ ќе постапи по промена на власта.
„Оние институции кои ќе ги води ВМРО-ДПМНЕ, а ќе можат, ќе имаат надлежност да носат правда, ќе ги извади криминалците за уши, особено оние кои 20 години управуваат со оваа држава и се заштитени како бели мечки“, рече Стојаноски.

Можете да прочитате

Татко и син нападнале доктор и медицинска сестра пред поликлиниката „Јане Сандански“

Средба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан

Една година КА Информативен центар на „Реплек“ за производите на база на медицински канабис: Бесплатните консултации сега достапни и преку онлајн закажување