Утрински Весник
Македонија

За синдикатите е неприфатлив предлогот за пресметка на плати во јавниот сектор, седницата продолжува в понеделник

За синдикатите е неприфатлив предлогот за пресметка на плати во јавниот сектор, седницата продолжува в понеделник

Седницата на Економско-социјалниот совет во Владата (ЕСС) продолжува в понеделник, објави претставникот од СОНК, Јаким Неделков.

dobivaj vesti na viber

Неделков кажа дека владиниот предлог за новата метологија за пресметка на платите во јавниот сектор за синдикатите е неприфатлива.

„Зголемувањето (усогласување) на платите за само 3.3 % на сегашната плата од месец септември за СОНК е најмалку прифатливо од аспект на процентот на пораст на минималната плата од 12.55 %, како и факторот инфлација од 14,2%. Останува да видиме која е новата пресметка на Владата која ќе биде презентирана во понеделник на ЕСС, по што ќе заседава Советот на СОНК и ќе излезе со заклучоци и информација од седницата“, рече Неделков.

Тој претходно денес, на седницата во Владата потсети на барањата.

„Барањата веќе јавно ги објавивме и ги доставивме до Владата и до ресорното министерство. Моделот минимнална плата помножено со коефициент на сложеност на работни места, предлогот на Владата е просечна плата помножена со соодветен коефициент на сложеност на работни места, значи тука сме некаде, но она што е сламка на препнување, тоа е предолгиот период на усогласување на платите“, рече Неделков.

Владиниот предлог од пет години, како што појасни, е дефинитвно неприфатлив.

 

Можете да прочитате

УЈП со информација до граѓаните: Ќе се исплаќаат средствата од “МојДДВ”

Марш во Неготино: Угостителите да се воздржат од музика овој викенд во чест на Фросина

Филков до идните судии и јавни обвинители : Вие како долгоочекувана нова енергија во правосудството, можете и потребно е да направите многу