Утрински Весник
Македонија

Една изборна единица и предвремени избори бара Демократскиот сојуз

Демократски сојуз бара оставка на членовите на Републичкиот судски совет

Од Демократски сојуз бараат воведување на една изборна единица и предвремени парламентарни избори, наместо замајување со уставните измени.

dobivaj vesti na viber

Демократскиот сојуз алармира дека последните корупциски скандали за кои јавно предупредуваат и странски дипломати, сведочат за колапс на државата во целина и на институциите, кој е резултат на високиот степен на криминализација и партизација.

„За седум години Владата на СДСМ и ДУИ не спроведе ниту една коренита и системска реформа, а целосно ја блокира работата на МВР, АНБ, АР, Финансиската полиција, УЈП и Финансиското разузнавање.
Деновиве тој хаос излезе на површина, со меѓусебни обвинувања, напади, а резултатот е се да остане и да се одвива како и досега“, велат од партијата.

Демократски сојуз ја повика владата да го донесе законот за една изборна единица и да се оди на предвремени парламентарни избори, наместо да замајува со уставни измени како предуслов за преговорите со ЕУ.

Можете да прочитате

Четири лица приведени за семејно насилство

Камери на улиците во Велес: Се поставува опрема за проектот „Безбеден град“

ЦУК: Обилни врнежи од дожд, на планините од снег!