Утрински Весник
Свет

Унгарија: Ни требаат повеќе нуклеарни реактори

Унгарија: Ни требаат повеќе нуклеарни реактори

Унгарија ќе мора да изгради барем еден мал модуларен реактор (SMR), покрај планираното проширување на нуклеарната централа Пакс, изјави унгарскиот министер за енергетика Чабе Лантос.

dobivaj vesti na viber

„Ние би ги добиле најрано во 2029 или 2030 година и мислам дека локацијата не треба да биде Пакс, туку во дел од Унгарија каде побарувачката за енергија расте“, изјави Лантос за унгарскиот портал Vilaggazdasag.hu.

SMR може да произведе до 300 мегавати електрична енергија.

„Бидејќи се помали, може да се постават покрај реки со послаб проток на вода“, додаде министерот.

Тој не ја исклучи можноста за купување модуларен реактор од Русија.

„Мораме да ја разгледаме секоја опција“, рече тој.

Во 2014 година Унгарија потпиша договор вреден 12,5 милијарди евра со руската нуклеарна компанија Росатом за изградба на два реактори од 1,2 гигавати во Пакс, кој веќе има четири реактори.

Можете да прочитате

Стотици мексикански војници распоредени долж границата со САД како дел од договорот за привремено суспендирање на американските царини

Најмалку 11 лица загинаа во пукање во училиште за возрасни во Шведска, меѓу кои и напаѓачот

Зеленски: САД заработија милијарди долари од војната во Украина