Утрински Весник
Македонија

(Видео) Бог да го благослови Али Ахмети, не го цените доволно, вели неговиот внук што ја купи „Соравија“

(Видео) Бог да го благослови Али Ахмети, не го цените доволно, вели неговиот внук што ја купи „Соравија“

Али Ахмети ми е вујко и Бог да го благослови, тој ми е мотивација во мојот живот, рече неговиот внук Дрин Ахмети на прес-конференцијата за трговскиот центар „Соравија“, а прашан дали лидерот на ДУИ имал влијание.

dobivaj vesti na viber

Дрин кажа дека не сака да коментира политички изјави, но зборуваше за Ахмети и Љубчо Георгиевски.

„Ахмети и помогна на оваа држава. Немаше да ја имаме Македонија денес ако го следевме Љубчо Георгиевски да ја дели државата. Али Ахмети не го потпиша тоа и вие не го цените доволно. Не сум тука да коментирам политички изјави. Горд сум да го имам за вујко, но тој нема ништо со мојот бизнис. Нула. Ова што го прават медиумите сега, прави штета на мојата мрежа на соработници. Луѓе од Америка ме прашуваат што ти се случува со македонските медиуми, ти правиш се’ по прописи“, рече Дрин Ахмети, додавајќи дека да се случело тоа во САД, со медиумите би се објасниле на суд.

Потоа кажа дека само еден новинар го прашал за купувањето на „Соравија“ и тој му одговорил, а одговорот бил скратен.

Прашан каде живеел и работел бидејќи не знае македонски и од кога се занимава со бизнис, младиот бизнисмен прашањето го оцени како „приватно прашање“.

„Живам во Македонија. Многу луѓе, особено луѓето со кои што работам зборуваат англиски јазик. Имам 85 проценти од вработените кои се етнички Македонци, и тие говорат англиски јазик. Не гледам проблем во тоа, Мислам дека младите луѓе не ги засега оваа тема. Учат албански, учат јазици ако им помагаат во кариерата“, рече Дрин заклучувајќи дека парите и капиталот немаат етничка припадност.

 

Можете да прочитате

Коцевски му одговори на Мицкоски: Обвинител имаше вирус, но потоа одржа состаноци со полицијата

Одреден осумдневен притвор за тројца од вчерашните настани каде беше сквернавено државното знаме

(Видео) Аерозагадувањето е темата на новата епизода од подкастот ЗРАК со д-р Мариа