Утрински Весник
Македонија

Загина 20-годишен мотоциклист во тешка сообраќајка во Кавадарци

Две моторџиски несреќи, двајца тешко повредени

Загина мотоциклист во сообраќајна несреќа што се случила рано изутрина во Кавадарци.

dobivaj vesti na viber

Утрово во 01.33 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на улицата „Шишка“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од М.Н.(33) од Кавадарци, патничко возило „тојота“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Д.Г.(18) од Кавадарци и мотоцикл „априлија“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од С.П.(20) од Кавадарци. Во несреќата мотоциклистот С.П. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Кавадарци каде што во 02.20 часот починал, појаснија од МВР.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на ОВР Кавадарци.

Можете да прочитате

Владата патува низ светот, но не разбира каде се движи светот

Серискиот убиец од Старо Нагоричане призна три од убиствата

Велковски: Младите мора да бидат слушнати и вклучени во креирањето на политиките