Утрински Весник
Македонија

Обвинителите под лупа поради Мерко: ќе се проверува дали подпаднале под негово вллијание и дали се ажурни

Обвинителите под лупа поради Мерко: ќе се проверува дали подпаднале под негово вллијание и дали се ажурни

Одлуката на Стејт департментот да го стави струшкиот градоначалник Рамиз Мерко на црната листа, меѓудругото, и поради влијание врз судски постапки, допре и до Обвинителството. Оттаму посочуваат дека по секој предмет кој се води против Мерко, ќе ја испитуваат законитоста и ажурноста, но и дали потпаднале под влијание.

dobivaj vesti na viber

„Јавното обвинителство на Република Северна Македонија исклучително сериозно ги зема предвид сознанијата на американскиот Стејт департмент за потенцијално влијание од страна на ова лице врз постапките. Од тие причини, обвинителството итно по секој предмет ќе ја испита законитоста и ажурноста во постапувањата и евентуалното вршење влијание во постапувањето по предметите. За сите обвинители за кои ќе се утврди дека постапувале неажурно, нестручно и потпаднале под влијание ќе се поведе постапка за одговорност, а јавноста ќе биде соодветно информирана“, велат од Обвинителството.

Претходно, тие соопштија дека има шест активни предмети против Мерко по кои се постапува. „Макфакс“ објави сторија и за сите предмети кои биле отворено, а потоа и затворени а се воделе против Мерко.

Можете да прочитате

На „Вардариште“ живеат над 200 лица, Тошковски вели потребен е системски пристап

Филипче: Хибридниот напад од странски центри е смешно алиби за неспособност на Мицкоски

Филипче: Ова е преседан, Мицкоски злоупотребува безбедносни институции за да ги прикрие кризите