Утрински Весник
Спорт

Бостон го дава најдобриот шест играч за Прозингис

Бостон го дава најдобриот шест играч за Прозингис

Вашингтон Визардс започнаа нова ера, започнаа со „рибилдинг“ на тимот, кој неодамна го напушти неговиот заштитен знак сите овие години, Бредли Бил. Наскоро по по неговите стапки би можел да тргне и Кристапс Порзигинс.

dobivaj vesti na viber

Американскиот новинар Шамс Шаранија дознава дека Бостон Селтикс се заинтересирани за Летонецот, чиј статус во Вашингтон сега е таков што тој може да ја напушти франшизата од главниот град на САД во случај на понуда.

Нема да биде лесно да се постигне договор, па Бостон има план да вклучи друг клуб во трејдот.

Трета заинтересирана страна е Клиперс, а целиот план изгледа вака:

Селтикси би го добиле Порзигинс, би го испратиле искусниот Маркус Морис во Вашингтон плус драфт компензација, додека најдобриот шести играч во НБА минатата сезона, Малколм Брогдон, би заминал во Лос Анџелес Клиперс.

На 65 натпревари минатата сезона, Порзигинс имаше просек од 23,2 поени, 8,4 скока и 2,7 асистенции по меч.

Со заминувањето на Порзигинс, Вашингтон практично би останал без вториот најважен играч во тимот, претходно си замина и Бил, а со таквиот развој на ситуацијата извесно е дека ќе замине и Кајл Кузма, кој исто така има опција да го избере нов клуб ова лето.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина