Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Куртоа го напуштил репрезентативниот камп

Куртоа го напуштил репрезентативниот камп
300x250 opst2

Фудбалската репрезентација на Белгија, во саботата ремизираше со Австрија на домашен терен во квалификациите за пласман на Европското првенство. Натпреварот на во Брисел заврши со резултат 1:1. Австрија поведе со автоголот на Орел Мангала, а израмни Ромелу Лукаку.

dobivaj vesti na viber

Пред натпреварот одличниот голман на Реал Мадрид, Тибо Куртоа доби признание за 100. настап во националниот тим, а утринава се појави информација дека дуелот со Австрија веројатно бил последен за голманот на Реал во дресот на националниот тим.

Порталот „ Нивсбалд (Nieuwsbald)“, тврди дека Куртоа самоиницијатвно го напуштил кампот на репрезентацијата.

Наводно по нерешениот резултат со Австрија им се налутил на некои соиграчи и под знак прашалник е дали утре ќе биде дел од тимот кој игра против Естонија. Според Нивсбалд, Куртоа му се налутил и на селекторот Доменико Тедеско. Селекторот решил во отсуство на Кевин Де Брујне, на мечевите со Австрија и Естонија да има двајца капитени.

Против Австрија капитенската лента ја носеше Лукаку. Тедеско наводно одлучил Куртоа да биде капитен против Естонија. Голманот му се налутил на селекторот бидејќи сметал дека треба да биде капитен на двата натпревари.

Можете да прочитате

Србија остана без бодови и без селектор по поразот од Албанија

Младата репрезентација ја совлада Ерменија во евроквалификациите

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025