Утрински Весник
Спорт

„Навредливо е она што го прави Барселона со Кимих“

„Навредливо е она што го прави Барселона со Кимих“

Првиот човек на Баерн, Херберт Хајнер, смета дека не е во ред Барселона да кокетира со играч кој има договор со Баварците.

dobivaj vesti na viber

Тренерот на Барса, Чави Ернандез (43) во неколку наврати зборуваше за Џошуа Кимих. Нде кри дека би сакал да ги има во својот тим.

„Кимих има договор, па ако има отворена врата, со задоволство би преговарале. Кимих е топ играч“.

Подоцна, во интервју со новинарот Херардо Ромеро, тој додаде: „Разговарав со Џошуа во Катар. Се запознавме на еден настан. Тој рече дека е мој обожавател. Тој е под договор со Баерн, па се зависи од него. Но, погледнете го Левандовски. Сакаше да дојде кај нас, зошто да не дојде и Џошуа?“.

Херберт Хајнер ја предупреди Барселона и порача дека фудбалерот има договор со Баерн до 2025 година.

„Зошто Барса го прави ова? Не разбирам зошто отворено и навредливо „флертуваат” со нашиот играч. Џошуа Кимих е апсолутен камен-темелник за нас. Тој секако е во нашите планови за иднината”, изјави Хајнер.

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ