Утрински Весник
Македонија

Заврши надзорот на кучињата кои искасаа дете до смрт во Пинтија: немаат беснило, социјализирани се – за иднината ќе се одлучува

Заврши надзорот на кучињата кои искасаа дете до смрт во Пинтија: немаат беснило, социјализирани се – за иднината ќе се одлучува

Заврши надзорот на кучињата кои нападнаа осумгодишно дете од скопската населба Пинтија, кое почина поради тешките повреди. Од Агенцијата за храна и ветеринарство за „Макфакс“ посочуваат дека двете кучиња немале беснило, а го поминале и тестот за социјализација. Натамошната постапка ќе треба да ја заврши Обвинителството. Кучињата се од расата „булмастиф“, а АХВ ги презема на контрола пред два месеци, период во кој трипати биле испитувани за болеста беснило.

dobivaj vesti na viber

„Чекаме насоки од Обвинителството, бидејќи тие го водат предметот, за тоа што ќе се прави со кучињата во иднина“, велат од АХВ за „Макфакс“.

Случајот го води скопското Обвинителство. Оттаму нема јавнообвинителска одлука. Тие го чекаат резултат од обдукцијата.

„Надлежниот јавен обвинител го очекува вештиот наод од извршената обдукција и извештајот од Агенцијата за храна и ветеринарство по што ќе донесе јавнообвинителска одлука за натамошниот тек на постапката“, велат оттаму за „Макфакс“.

Трагедијата во скопска Пинтија се случи на почетокот од април. Неофицијално, детето влегло во дворот на комшијата, а со кучињата си играло и во минатото. Било изгризано за вратот, од каде имало обилно крварење. На настанот имало и сведоци.

Кучињата се идентификувани со микрочип и тие и натаму се изолирани. Дворот во кој се чуваат кучињата е соодветно заграден и на влезот е поставен предупредувачки знак ‘пази куче’, соопшти АХВ по трагедијата.

Можете да прочитате

Вечерва нова забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Ристовска била експерт предавач на Универзитетот за туризам и затоа немало конфликт на интереси, вели претседателката на ДКСК

Битиќи: Едвај 60%, власта има катастрофална реализација на капиталните инвестиции досега