Утрински Весник
Македонија

Муцунски – Хукер: Стратешкото партнерство со САД е значаен придонес за стабилноста во регионот

2 image 2026 08 31 at 18.24.38.jpeg

На маргините на Бледскиот стратешки форум, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со потсекретарот за политички прашања во Стејт Департментот на Соединетите Американски Држави, Алисон Хукер.

На средбата беше потврдено високото ниво на билатералните односи и цврстото стратешко партнерство меѓу двете земји, како и заедничката определба за негово натамошно продлабочување и проширување во областите од заемен интерес.

Соговорниците разговараа за енергетската безбедност, регионалната поврзаност, како и за натамошното унапредување на економската и трговската соработка.

Воедно, беа разменети мислења за актуелните безбедносни предизвици и состојбите во рамките на НАТО.

На средбата беше нагласено дека стратешкото партнерство со Соединетите Американски Држави и сојузништвото во Алијансата претставуваат значаен придонес кон колективната безбедност, стабилноста и отпорноста на регионот.

Можете да прочитате

Сообраќаец кривично ќе одговара, наместо казна пуштил со опомена возач кој возел над 50 км/ч над дозволената брзина

Царинска управа: Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење лекови за малигни заболувања, штетни по здравјето на граѓаните

Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип – вакцинацијата е најдобра мерка за превенција на ова заболување