Утрински Весник
Спорт

(Видео) Јокиќ добар, Гордон и Браун одлични – Денвер победа го дели од НБА титулата

(Видео) Јокиќ добар, Гордон и Браун одлични – Денвер победа го дели од НБА титулата

Денвер Нагетс направија уште еден брејк во Мајми и дојдоа на чекор до првата НБА титула во историјата на франшизата. Четвртиот натпревар од серијата Денвер го добија со 108:95. Нагетс против Мајами Хит водат со 3.1.

dobivaj vesti na viber

Никола Јокиќ, првата ѕвезда на тимот, мечот го заврши со 23 поени, 12 скока, четири асистенции, три блокади и две украдени топки за 37 минути на теренот. Џамал Мареј постигна 15 поени и 12 асистенции.

Сепак клучни играчи во победата на Денвер беа дебитантот Брус Браун со 21 поен и Ерон Гордон кој ги предводеше Нагетс со 27 поени. Овие двајца одиграа одлично во последната четвртина кога Јокиќ поради пет лични грешки мораше да седне ма клупата.

Во поразениот тим се истакна Џими Батлер со 25 поени, додека Бем Адебајо постигна 20, со 11 скока.

Петтиот натпревар во кој Нагетс можат да стигнат до рингот се игра ноќта помеѓу во вторник во 2:30 часот по средно-европско време, во Денвер.

Можете да прочитате

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција

ГРК Охрид попладнево му гостува на Олимпијакос во Атина во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп

Кими Антонели победник на трката за Големата награда на Јапонија