Утрински Весник
Спорт

(Видео) Јокиќ и Мареј со по трипл-дабл го скршија Мајами

Еквадор пред исфрлање од Мундијалот, доказите за „фалсификувањето“ на Кастилјо се огромни!

Кошаркарите на Денвер Нагетс го победија Мајами Хит со 109:94 во третиот натпревар од финалето на НБА. нагетс го вратија брејкот и сега имаат водство 2:1 во борбата за титулата.

dobivaj vesti na viber

Никола Јокиќ одигра историски натпревар, незабележен откако се игра професионална кошарка во Соединетите Американски Држави.

Никогаш во историјата не се случило еден кошаркар да има најмалку 30 поени, 20 скока и 10 асистенции, до денес. Јокиќ мечот го заврши со 32 поени, 21 скок и 10 асистенции.

Треба да се спомене и Џамал Мареј, кој имаше и трипл-дабл учинок, 34 поени, 10 скока и 10 асистенции.

Одлична улога имаше и „дебитантот“ Кристијан Браун кој постигна 15 поени.

Во поразениот тим Џими Батлер постигна 28 поени, додека Бем Адебајо имаше 22, заедно со 17 скока и три асистенции.

Четвртиот натпревар од финалето ќе се игра ноќта меѓу петок и сабота од 02:30 часот.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина