Ненад Димитријевиќ се наоѓа пред важна одлука. Откако го раскина договорот со Валенсија тој треба да реши каде ќе ја продолжи кариерата. Прашање е што ќе реши дали да игра во Евролигата или да остане во Русија?
Димитријевиќ зад себе има брилијантна сезона со УНИКС. Во Казањ пристигна како позајмен играч од Валенсија, сезоната ја заврши со триумф во ВТБ лигата и МВП наградата за најдобар играч во финалната серија против Локомотив Кубан.
Бидејќи е квалитетен плејмејкер и притоа е слободен интересот за него е голем.
УНИКС сака да го задржи, а за него од руските клубови се интересира и Зенит од Санкт Петербург.
Доколку реши да ја напушти Русија, тогаш на маса има четири понуди од клуба со евролигашко педигре: Басконија, Баерн Минхен, Фенербахче и Партизан.