Супермаркетите во Велика Британија ставаат безбедносни ознаки на стекови и сирења и чуваат лажни тегли наместо кафе, поради огромниот пораст на кражби во продавниците.
Некои маркети го ограничуваат бројот на предмети кои можат да се стават на полиците, пишува Би-Би-Си.
Според истражувањето на британскиот јавен сервис, кражбите се вратија на нивото пред пандемијата.
Во март, полициските сили во Англија, Велс и Северна Ирска забележаа речиси 33.000 случаи на кражби во продавници, што претставува зголемување од речиси 31 отсто во март минатата година.
Корисник на Твитер објави слика од „лажни“ тегли за кафе во маркет, а на клиентите им беше кажано дека можат да побараат да купат вистинско кафе на каса, рече тој.
Компанијата изјави за Би-Би-Си дека не се работи за национална политика.
„Заштитата на безбедноста на нашите колеги е приоритет и знаеме дека кражбата може да доведе до насилство врз работниците во продавниците, па иако ова не е политика на национално ниво, може да се донесе одлука за спроведување безбедносни мерки на локално ниво доколку продавницата има одредени проблем“, велат од Co-op.
Жена реагирала дека била шокирана кога видела речиси празни полици во продавница, но дека работникот и рекол дека тоа е направено намерно поради зголемениот број на кражби.