Утрински Весник
Македонија

Нема да паднат на Уставен измените за „Бехтел и Енка“, не ја содржат спорната бројка од 60 работни часа, тврди Груби

Нема да паднат на Уставен измените за „Бехтел и Енка“, не ја содржат спорната бројка од 60 работни часа, тврди Груби

Ниту евентуално оспорување на Уставен суд на изгласаните во Собрание законски измени и потпишани од претседателот на државата Стево Пенаровски, нема да направи измени на договорот со „Бехтел и Енка“. Првиот вицепремиер Артан Груби на денешниот почеток на градежните работи за изградба на Коридорот 8 уверуваше дека измените нема причина некој да ги оспори измените, ниту пак има причина да паднат на Уставен суд.

dobivaj vesti na viber

„Нема да паднат на Уставен, не верувам дека ќе паднат на Уставен. Не гледам причина зошто би имало иницијатива до Уставен затоа што никаде во законите не се споменува спорната бројка од 60 работни часови. Се искоординира целата работа со правната служба во Владата, со  законодавно-правната комисија, со сите експерти што ги имаат Владата и министерствата и со Министерството за труд и социјала. Нема апсолутно никаква причина ниту да се оспори, ниту да се разгледува претпоставувам од Уставниот суд. Законското решение предвидува работните да можат да работат прекувремено, како што можат и сега, но за тоа ќе траба да дадат писмена согласност дека прифаќаат да работат прекувремено и за тоа мора да им се плати“, рече Груби.

Државната комисија за спречување корупција добила нецелосен договор за разгледување, оти од договорот биле прочистени деловните тајни на „Бехтел и Енка“. Таков договор, нецелосен, е предвидено да биде покажан и пред пратениците со безбедносни сертификати во Собранието. Целоснта верзија на договорот, Груби рече дека ја добило само Јавното обвинителство.

Можете да прочитате

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

ВМРО ДПМНЕ: Арсовска е креаторот и изворот на хаосот во јавните претпријатија и во Градот Скопје