Утрински Весник
Македонија

Два дена притвор за скопјанецот за убиството во Чаршија

Сообраќајка во Скопје заврши со пукање: пресметка помеѓу четири лица оти се судриле со “голф” и “мерцедес”

Судот му определи мерка краткотраен притвор во траење од 48 часа заради постоење на скопјанецот кој беше уапсен за двојното убиство во скопската Чаршија во „Шиша бар“ кое се случи пред три месеци.

dobivaj vesti na viber

Ова е прво лице на кое Кривичен суд му одредило и притвор, а се поврзува со овој случај.

Автомобилот „ауди“ беше запален во Бутел кратко по двојното убиство. Од него останаа регистарските таблици. Возилото било оставено кај подвозникот, кој води кон Мирковци.

Во престрелката во „Шиша бар“ убиени беа Јетон Кривањева викан Жила и Енес Исени, кои се поврзуваа со нарко пазарот.

„Макфакс“ објави детали по масакрот во старата скопска Чаршија.

Можете да прочитате

Приведено и трето лице за убиството на докоторот пред поликлиниката во Железара

Тројца полициски службеници за несовесно работење во службата заработија кривични пријави 

Кривична пријава заработи лице кое заградило државно замјиште кај Бит Пазар и си наплаќал „арач“