Утрински Весник
Македонија

Камења паднале врз турист од Полска на Матка, пренесен е во болница

Нуредини: Кањонот Матка има можности да стане една од главните туристички еко дестинации во државата

Денеска е повреден 45-годишен турист од Полска. Бил удрен од еден камен од одронот кај Матка, по што веднаш, со Итна медицинска помош е префрлен на скопските клиники.

dobivaj vesti na viber

На линијата за итни случи 112 денеска во ЦУК добиле пријавата за одрон на патот кај Матка. Секторот за операции и координација на ЦУК спровел акција за згрижување повреден турист од Полска и за преземање мерки за безбедност, бидејќи имало опасност од други одрони, а и за расчистување на одронот во тој локалитет. Повредениот 45-годишен турист од Полска веднаш со Итна медицинска помош е префрлен на скопските клиники.

„ЦУК го извести раководителот на ЈП „Улици и Патишта“ на Град Скопје за нивна интервенција за расчистување на теренот. Одговорот беше дека надлежност за тој пат има Македонија Пат и самата Општина Сарај под кои субјекти се наоѓа дадениот локалитет“, велат од ЦУК.

По остварените комуникации, ЦУК добиле одговор од Македонија Пат дека според дадените координати тој пат не е под нивна надлежност туку под надлежност на Општина Сарај.

 Телефонски контакт е остварен и со комуналниот инспектор на Општина Сарај на кој му е пренесена информацијата за надлежностите, поточно дека ниту ЈП „Улици и Патишта“, ниту Македонија Пат имаат надлежност за негово расчистување и дека тој пат е под ингеренција на Општината. На лице место имало и припадници од полицијата.

Од нивна страна и од страна на Општина Сарај ќе биде направен записник за утврдување на фактичка состојба.

Можете да прочитате

Албански државјанин приведен кај Гевгелија поради превоз на мигранти

 Влажен бран ја зафаќа Македонија

Уапсен струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки