Утрински Весник
Македонија

Насила влегол во книжарница и украл пари – приведен малолетник од Скопје

Насила влегол во книжарница и украл пари – приведен малолетник од Скопје

Денеска во 09.55 часот во Градскиот трговски центар полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода малолетник од Скопје, поради сомнение дека на 28.05.2023 во книжарница на подрачјето на Центар, со употреба на сила го скршил стаклото, влегол внатре и одзел пари.

dobivaj vesti na viber

Со малолетникот бил извршен разговор во присуство на родител и адвокат за малолетници.

Известен бил Јавен обвинител, а по извршениот разговор малолетникот бил предаден на неговиот татко.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Пола Скопје без стрија – 24info.mk

Оставка во СДСМ Неготино – Младеновиќ се повлече од функцијата

Министерот Панче Тошковски стана татко по третпат